Најновото засилување на Пелистер доаѓа од Црна Гора (видео)

Пелистер продолжува да ги засилува своите редови откако беше потпишан договор со Стефан Мијовиќ, 28-годишниот кошаркар кој доаѓа од Црна Гора. Потписот на Мијовиќ доаѓа веднаш по ангажманот на Андреј Магдевски, како потврда за амбициите на битолскиот клуб оваа сезона.

Мијовиќ настапува на позициите два и три, тој во изминатиот период тренираше со битолчани, оставајќи позитивен впечаток, по што македонскиот вицепрвак реши да потпише договор со него.

Тој во кариерата настапуваше за неколку црногорски екипи, за ланската ссезона да ја мине во дресот на Хонвед во Унгарија, каде имаше одличен просек од 15,2 поени и 4,6 скокови по натпревар.

Се вчитува...