Дибала се враќа за мечот со Интер

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала треба да се врати на терените порано од очекувањата. ргентинецот заработи повреда на дуелот на Рома против Каљари, и се прогнозираше дека ќе го нема околу еден месец.

Меѓутоа Аргентинецот ќе биде веќе на располагање на тренерот Мурињо за мечот против Интер на 29. октомври.

Рома лошо ја почна сезоната во Серија „А“, и се шпекулираше дека ќе добие нов тренер. Меѓутоа Мурињо „преживеа“ со победата над Каљари, но сега ќе се бараат серија на добри резултати и бегсство од долниот дел на табелата.

Се вчитува...