Едниот италијански репрезентативец тврди дека не се обложувал на фудбалски мечеви

Адвокатите на играчот на Астон Вила и на италијанската репрезентација Николо Заниоло, тврдат дека нивниот клиент не се обложувал на фудбалски натпревари, туку играл покер и „блекџек“ онлајн, и бараат да не биде казнет.

За разлика од него, соиграчите од националниот тим Тонали и Фаџоли признале дека се обложувале и на фудбалски натпревари, и тие се соочуваат со казна, па дури и со суспензија од 18 месеци.

Сите тројца беа приведени на информативен разговор откако беше откриено дека се обложувале, што е строго забрането во италијанскиот фудбал и казните се од 25.000 евра, па до 18 месеци суспензија.

„Заниоло ризикува само парично да биде казнет, освен ако не го правел тоа често. И да има некоја казна, таа треба да биде минимална“, рече адвокатот на фудбалерот.

Се вчитува...