Прв тренерски ангажман за Дарио Срна

Легендарниот поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Хрватска, Дарио Срна за прв пат ќе заплива во тренерските води со ангажман во „неговиот“ Шахтјор Доњецк, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

Срна кој ја врши улогата на спортски директор во клубот ќе биде само повремен тренер додека украинскиот клуб бара замена по отказот на Холанѓанецот Патрик ван Левен.

Срна важи за апсолутна легенда на Шахтјор Доњецк. 15 години од играчката кариера ја помина во дресот на клубот забележувајќи 536 настапи, а од 2020 година ја заврши и улогата на спортски директор.

Се вчитува...