Младата репрезентација на Македонија, попладнево го одржа официјалниот тренинг во Кишињев, на стадионот на „Зимбру“, каде што утре од 17:00 часот ги очекува натпревар против Молдавија, во 3. коло во квалификациите за пласман на ЕП.
Надежите предводени од Драган Канатларовски во добра атмосфера го очекуваат натпреварот против Молдавија. Селекторот за овој меч кажа дека е најважниот во квалификациксиот циклус. Досега Македонија ја совлада Шведска на гости, и загуби дома од Холандија, иако во тој пораз младата селекција покажа одлична игра.
„Одредена група на играчи не играа многу во своите клубови, но тука се поради одличната атмосфера која владее во репрезентацијата. Од дуелите со Холандија и Шведска, лично сум многу задоволен, и немам што да им замерам. Пред нас имаме нов предивик – Молдавија. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам. Мечот е од големо значење за нас ако сакаме да бидеме на едно од првите две места“, рече Канатларовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА