Голем проблем за Наполи: Осимен во „аут“ од четири до шест недели

Предводникот на Наполи, Руди Гарсија ќе мора да најде решение во нападот без голгетерот Виктор Осимен кој поради повреда нема да биде дел од тимот во следните четири до шест седмици, потврди италијанскиот калчолигаш.

Одличниот голгетер настрада за време на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија, кога доби удар во ногата и мораше да биде заменет во 55. минута.

Прегледите утврдија дека станува збор за повреда на бутот на десната нога, а и покрај тоа што сериозноста на повредата не е од најголем степен, 24-годишникот ќе мора да мирува подолг период и со сигурност нема да настапи на следните натпревари против Верона и Милан во Серија А, како и на средбата против Унион Берлин во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...