Буфон: Останав со Јувентус во Серија Б за да испратам порака до младите

Јувентус во 2006 година беше исфрлен во Серија Б како казна за аферата „Калополи“ поради местење на натпревари во елитното италијанско првенство, а Џиџи Буфон беше еден од ретките кои и остана верен на „старата дама“ и во второлигашката конкуренција.

Говорејќи за италијанските медиуми искусниот голман ја откри причината за оваа одлука и покрај тоа што имаше шанса да премине во други елитни европски тимови.

„Во еден свет силен на зборови, беше одлична можност да се одржи лекција на оние кои се страствени за фудбалот. Оваа лекција може да се даде само кога ќе се откажеш од нешто важно. А, јас се откажав од многу.

Имав 28 години, бев на половина пат од мојата кариера, тукушто го освоив Светското првенство и се откажав од Златната топка со тоа што се согласив да играм во Серија Б. Мојата причина да останам беше за да испратам порака до сите деца кои чувствуваат страст кон фудбалот. Ако донесев друга одлука, многу работи ќе се променеја. Но, во тој период решив да се однесувам добро и да бидам добар кон сите па така животот ми даде многу работи назад. 

Тука сум сега, бранев на 45 години, а мислам дека тоа е само заради таа одлука која ја донесов пред 17 години“, кажа Буфон.

Се вчитува...