Терористички напад во Брисел пред квалификацискиот натпревар за Евро 2024, тројца мртви… (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Алармантна е состојбата на улиците на Брисел за време на квалификацискиот натпревар помеѓу Белгија и Шведска. Тамошните медиум информираат за терористички напад кој веќе ги зема и првите жртви.

Непознато машко лице, припадник на ИСИС, извикувал „Алаху акбар“ додека со Калашников стрелал кон случајни минувачи. Според медиумите, убиени се три лица а десеттина се ранети. Жртвите се шведски навивачи кои допатувале во Брисел да дадат поддршка на својата репрезентација.

Немилиот настан се случил во 19 часот и 15 минути во центарот на градот, а осомничениот се уште е во бегство.

 

Се вчитува...