Морничави сцени од Брисел: Мечот суспендиран, навивачите заклучени на трибини, играчите сокриени во соблекувални (ВИДЕО)

Морничави сцени од Брисел каде во моментов владее огромна неизвесност на стадионот каде едно полувреме во квалификациите за ЕП 2024 одиграа Белгија и Шведска.

Доигрувањето на натпреварот, по одиграно едно полувреме (1-1) е дефинитивно откажано поради терористичкиот напад во белгискиот град, а вратите се блокирани и во моментов никој ниту смее да го напушти стадионот, ниту пак некој може да влезе.

Официјалното лице за безбедност во Фудбалскиот сојуз на Шведска, Мартин Фредман се наоѓа на лице место во Брисел а за терорстичкиот напад дознал само пет минути пред почетокот на мечот.

„Имавме состанок со белгиската полиција. Не сакаме шведските навивачи во моментов да го напуштат стадионот, побезбедни се тука. Знаеме дека Швеѓаните секогаш се мета надвор од својата земја, но ова никој не го очекуваше“ – изјави Фредман.

Присутните гледачи на стадионот во Брисел, како што е познато, добија предупредување да не го напуштаат стадионот се до следните инструкции.

Во меѓувреме и натаму алармантна е состојбата на улиците на Брисел. Непознато машко лице, припадник на ИСИС, извикувајќи „Алаху акбар“ со калашников пукал кон минувачи во Брисел, притоа според првичните информации убивајќи две лица а уште десеттина се ранети. Според медиумите жртвите се шведски навивачи кои допатувале со цел да дадат поддршка на својата репрезентација.

Немилиот настан се случил во 19 часот и 15 минути во центарот на градот, а осомничениот во моментов се уште е во бегство.

Се вчитува...