Нов меч, нов рекорд: Роналдо прв до 40 гола во 2023 година

Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите откако на речиси секој натпревар големиот ас успева да урне некој нов рекорд. Исклучок не беше ниту синоќешниот дуел со БиХ на кој Португалецот само потврди дека се уште игра на највисоко ниво, станувајќи прв фудбалер кој успеал да постигне 40 погодоци во 2023 година.

Ерлинг Халанд водеше во оваа трка со 39 гола, пред Роналдо со 38 и Мбапе со 35 погодоци како најдобри стрелци во оваа календарска година. Сепак, Кристијано со двата гола во првото полувреме во Зеница ги надмина далеку помладите ривали, стигнувајќи до бројката од 40 гола.

Тој во минатата 2022 година не ја достигна оваа квота, само за споредба, во 2021 стигна до бројката од 47 погодоци, во 2020 постигна 44, во 2018 дојде до 49 гола, а голгетерски најдобра му беше 2015 година, во која дури 57 пати успешно ги затресе противничките мрежи.

Се вчитува...