Милошевиќ по дебаклот: Некако ме изненади сето ова

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина Саво Милошевиќ беше изненаден по убедливиот пораз на неговата репрезентација од Португалија од 0-5 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 година.

Португалците ги постигнаа сите пет гола во Зеница во воведните 45 минути, па дебито на Милошевиќ пред домашната публика не можеше да почне полошо.

„Морам да признаам дека бев изненаден од сето ова, јас сум секако најголемиот виновник за ова. Не можевме енергично да им парираме, тие се на друго ниво, но тоа нема врска со нас. Ние не бевме најдобро, пред три дена се чинеше добро, но очигледно е дека немаме енергија за два натпревари во три дена. Многу тимови го имаат тој проблем. Беше многу тешко да се одржи нивото на игра со нив, а и раниот гол не ни помогна. На стартот на играта влеговме со негатива и се тргна на лошо. Во соблекувалната им кажав на играчите, колку и да е тешко, реков дека второто полувреме мора да играме со карактер. Португалија дефинитивно не е нивото на кое сме во моментов“, изјави Милошевиќ.

Се вчитува...