Француското обвинителство отвори истрага против фудбалер на Ница

Обвинителството во Франција отвори истрага против фудбалерот на Ница, Јусеф Атал, откако тој наводно објавил антисемитско видео на социјалните мрежи поврзано со конфликтот во Израел и Газа, објави Би-Би-Си.

Атал ја избриша објавата на Инстаграм и се извини. Јавното обвинителство во Ница соопшти дека отворило прелиминарна истрага против Атал под обвинение за „одбрана на тероризам“.

Тој е под истрага за „јавно поттикнување омраза или насилство поради одредена религија“. Атал, кој има три милиони следбеници на Инстаграм, се извини по целиот настан:

„Свесен сум дека мојата објава ги шокираше луѓето, што не беше моја намера и се извинувам поради тоа“, напиша Атал. 

 

Се вчитува...