Полицијата го застрела терористот кој уби две лица во Брисел

Mинистерката за внатрешни работи на Белгија, Анелис Верлинден, објави дека е „неутрализирано“ лицето кое синоќа уби двајца, а застрела неколку навивачи на Шведска во бриселската населба Шарбек.

Според полициски извори, маж е застрелан во кафуле во Шаербек, но според последните информации тој е реанимиран и е пренесен во болница, а во престрелката утринава се повредени уште неколку лица, но с уште нема јасни околности како дошло до новото пукање.

Министерството потврди дека се работи за терористот Абдесалем Л, кој синоќа изврши терористички напад во Брисел, убивајќи двајца шведски навивачи, а оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај застреланиот.

Се вчитува...