Македонската репрезентативка Андреа Седлоска одигра два одлични меча за нашиот национален тим, со што заслужено беше избрана за најдобар лев бек на стартот од квалификациите за ЕП 2024.
ЕХФ денеска го објави идеалниот тим од седумте ракометарки кои ги одбележаа првите две рунди од новите квалификации, при што заслужено имаше место и за Седлоска, која постигна седум гола во стартниот триумф над Азербејџан, за потоа да стрела осум од осум во големата победа на гостински терен во Литванија.
Друштво на македонската ракометарка во овој идеален тим и прават голманката Ана Кристенсен од Данска, левото крило Клое Валентини од Франција, средниот бек Кристина Ласло од Романија, десниот бек Теа Стурлудотир од Исланд, десното крило Алисија Тублон од Франција и пивотот на норвешката национална селекција, Вилде Ингштад.
Meet our 𝗕𝗘𝗦𝗧 𝟳 for the #ehfeuro2024 qualifiers! 🙌 These players have shone among the rest in Round 1&2. 🔝
Anyone missing from the list? 👇 #catchthespirit #ehfeuro pic.twitter.com/bssA0J2jxq
— EHF EURO (@EHFEURO) October 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА