Лотито ја затвори вратата: Имобиле нема да замине во Саудиска Арабија

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, ја затвори вратата за евентуално заминување на Чиро Имобиле јасно ставајќи до знаење дека нема намера да го продаде капитенот на римскиот клуб.

Имобиле во изминатите денови говореше за разочарувањето од односот на дел од навивачите на Лацио кон него, оние кои токму на капитенот гледаат како на главен виновник за резултатската криза на „лацијалите“. Тој истакна и дека не е сигурен дека сака да остане во Лацио, но ставот на Лотито е јасен – капитенот не е достапен за трансфер.

„Се зборуваше за понуди од Саудиска АРабија и во текот на летото, но ние не добивме ниту една. Сега пак се зборува за заминување, но нашиот став е напроменет. Чиро не е за продажба, тој дефинитивно нема да се пресели во Саудиска Арабија. Тој е син на Лацио, има договор со клубот до јуни 2026 и ние не размислуваме за заминување на најдобриот стрелец“, порача Лотито.

Се вчитува...