„Му наредив на дебелиот Роналдо да ослабе – Од 94 килограми намали на 92.5“

Поранешниот италијански тренер Фабио Капело кој е добро познат по строгоста и прагматичниот фудбал говорејќи за италијанските медиуми откри интересна анегдота од времето кога го предводеше Реал Мадрид.

Во составот полн со „галактикос“ Капело го издвои проблемот кој го имал со бразилецот Роналдо, неговата килажа и претераното конзумирање алкохол.

„Антонио Касно пред секој натпревар бараше помфрит. Тоа е нешто што е потполно неприфатливо. А, колку ли јадеше Роналдо. Одлучив да го отпишам бидејќи беше многу дебел и постојано се забавуваше на журки и ги викаше и соиграчите. Имаше 94 килограми. По некое време ми рече дека ослабел. Се мереше и имаше 92.5 килограми. Еден ден ми дојде Руд ван Нистелрој и ми кажа дека соблекувалната смрди на алкохол. Беше во право“, откри Италијанецот.

Се вчитува...