Барселона бара од својата ѕвезда да се согласи на помала плата за договор „до пензија“

Спортскиот директор на Барселона, Деко се соочува со голем предизвик како да им ја намали платата на Френки де Јонг и Роберт Левандовски за да има доволно средства за ангажман на нови фудбалери во трансфер периодите кои следат. Холанѓанецот и Полјакот се најплатените фудбалери во тимот со примања од 37.5 милиони, односно 20 милиони евра по сезона.

Со таа цел наскоро се очекуваат преговори за продолжување на договорот со Де Јонг со кој тој би заработувал помалку од сега, но би добил договор кој би му овозможил место во тимот до крајот на кариерата.

Актуелниот договор на 26-годишникот важи и во следните три години па Холанѓанецот не се брза со донесување на одлука, но очекувањата се дека лесно ќе најде меѓусебно решение со Барселона со оглед на желбата да игра во редовите на каталонците. Како потсетување, Де Јонг претходното лето одби трансфер во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...