Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година има 1-1 по 60 минути игра на стадионот на ФЦ Зимбру во Кишињев против домашната Молдавија во квалификациите за ЕП 2025.
Молдавците први поведоа во 55. минута со голот на Влад Раилеану кој недозволиво буквално се прошета по македонската одбрана минувајќи покрај тројца дефанзивци и стрелајќи прецизно од десет метри.
Но, Македонија веќе во 60. минута израмнува на 1-1 со голот на Лука Станковски кој убаво се снајде пред голот на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА