Поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец, Тони Симиќ е нов тренер на второлигашот Шкупи.
Симиќ ја прифати понудата да седне на клупата на тимот од Чаир кој се одлучи на промена на тренерска позиција по само две кола во Втората македонска кошаркарска лига.
Шкупи со Симиќ потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште една година.
Претходно Симиќ беше тренер на ФМП Академија, а во својата досегашна тренерска кариера ги предводеше и Работнички и Баскет Кам како и кадетската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА