ФК Работнички официјално продаден за 600.000 евра! (ФОТО)

Акциите на фудбалскиот клуб Работнички се продадени денеска на Македонска берза. Станунва збор за 250 акции, а вредноста на целата трансакција е 36.904.250 денари, или во евра нешто помалку од 600.000 евра.

Според информациите од Македонска берза, откупени се 100% од основната главнина, што значи дека сега клубот има нови сопственици. Станува збор за турски „Џевахир“ за кого ЕКИПА пишуваше уште пред почетокот на оваа сезона.

Со новите сопственици, ФК Работнички има намера да се врати на старите шампионски патеки, со оглед дека се почна со посериозни вложувања во клубот од оваа сезона, а во иднина се најавуваа дека ќе има уште повеќе. Целта е тимот да освојува трофеи и да се врати на европските патеки, каде што некогаш беше „херојот од Дебар Маало“ и во Скопје носеше големи имиња како Ливерпул, Лацио, Болтон…

Ова е трансакцијата која е објавена на сајтот на „Македонска берза“ денеска.

 

Се вчитува...