Алкалоид се прикажа во добро светло, но тоа беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат против силниот состав на Војводина, кој водеше цел натпревар и заслужено се враќа во Нови Сад на своето салдо.
Мартин Серафимов постигна четири погодоци на овој натпревар, што сепак беше недоволно за да се направи подвиг на овој натпревар.
„Честитки за тимот на Војводина за одличниот натпревар. Не игравме како што знаеме, промашивме многу зицери „еден на еден“, но верувам дека ќе ги увидиме нашите грешки, ќе играме уште подобро и во иднина ќе играме на повисоко ниво“, изјави Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА