Кире Лазаров и Алкалоид не успеаја да приредат изненадување на стартот од европската лига на ЕХФ, губејќи на домашен терен од Војводина со резултат.
Српскиот шампион се покажа како пресилен ривал, а денешниот премиерен меч беше искуство за Лазаров и за неговите ракометари, кои ќе мора да бидат на едно повисоко ниво ако сакаат да стигнат до триумф во ова натпреварување.
„Јас и на вчерашната прес-конференција кажав дека Војводина е подобар тим од нас, го потврдија тоа денеска и заслужено победија. Фактот декасе шампиони на Србија десет години по ред доволно говори за квалитетот на противникот. Не сум задоволен од играта на мојот тим, кога ќе промашиш пет пенали на еден сериозен натпревар, исто така и неколку зицери… со таква реализација е невозможна мисија да се победи ривал како Војводина. Ни следат денови за анализа, се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме подобри. Мислам дека нашиот проблем не беше во одбраната, туку во нападот, се подготвувавме, но не успеавме да најдеме одговор за нивната дефанзивна зона“, изјави Лазаров.
За македонската ракометна легенда, добра работа е што Алкалоид лесно создава ситуации за гол, но проблемот останува реализацијата.
„Имаше многу добри работи во нашата игра, доста искреиравме, добри ситуации за гол, но кога нема да се искористат нормално е да стигне казна. Вакви работи ни се случуваат и во македонското првенство, а на едно вакво ниво не може да се извлечете по толку промашувања. Тоа е нешто на што треба да работиме. Задоволен сум бидејќи доаѓаме до шанса, но реализацијата ни е катастрофална“, прокоментира тренерот на Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА