Европскиот првак без проблем со Жалгирис, Олимпијакос се „сопна“ во Милано

Европскиот првак Реал Мадрид, без поголеми проблеми го совлада Жалгирис и тојде до максимален учинок од три победи во првите три натпревари во Евролигата.

„Кралевите“ уште од стартот на мечот па се до крајот ја имаа контролата на резултатот, и на крајот славеа со 93-79. На стартот од третиот период гостите се обидоа да стигнат, во еден миг имаа и само три поени заостанување, меѓутоа со една серија од 8-0 Реал стигна повторно до 11, и се чини тоа беше клучно за победата. Дек беше прв стрелец со 19 поени, Кампацо постигна 18, исто како и Порие.

Кошаркарите на Армани Милано го совладаа тимот на Олимпијакос со 65-53. Грчкиот тим се „распадна“ во вториот дел, особено во последната четвртина, која домашните ја добија со 21-12. Баерн Минхен славеше над Басконија со 68-76 на гостински терен.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...