Германија ремизираше со Мексико, Франција продолжува да „гази“ на контролите

Турнејата низ САД за Германија заврши со нерешен резултат. После победата над САД со 3-1, „панцирите“ ремизираа играјќи 2-2 против Мексико.

Избраниците на Нагелсман го отворија резултатот преку Ридигер, а Атуна го израмни резултатот. Санчез донесе предност на Мексико во вториот дел, но Дилкгур ги постави конечните 2-2.

Победа оствари светскиот вицепрвак Франција која синоќа ја совлада Шкотска на контролата во Лил со 4-1. Гостите поведоа први со голот на Гилмур, но тоа само ги налути Французите, кои преку двата гола на Павар стигнаа до пресврт уште во првиот дел. Во вториот Мбапе и Коман ја донесоа победата.

Се вчитува...