Селекцијата на Србија ја совлада Црна Гора во Белград, и така се најдоа на чекор до пласман на Евроспкото првенство. На селекцијата на нашиот северен сосед сега ќе и треба само бод во дуелот против Бугарија на 19. ноември, за и официјално да го потврди пласманот на ЕП.
Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси кажа дека ќе ја однесе Србија на Европското првенство, и покрај тоа што математички за Црна Гора и натаму не се завршени овие квалификации.
„Математички за Црна Гора и натаму не е готово. За нас е готово. Најдобро е Бугарите да ме сопнат, но нема да може“, изјави Стојковиќ.
Дуелот со Бугарија ќе се игра во Лесковац, и Пикси кажа дека гледачите ќе уживаат.
„Државата вложува во фудбалот. Се радувам што мечот ќе се игра во Лесковац. Се враќам некако во својот роден крај. Мислам дека публиката ќе ужива, а на нам е да им вратиме со победа“, изјави Стојковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

