Тонали признал дека се обложувал и на мечеви на Милан додека играл за нив

Играчот на италијанската репрезентација и на Њукасл, Сандро Тонали признал пред италијанските власти дека се обложувал и на мечеви на Милан, додека бил играч на „росонерите“, пренесува „Газета дело спорт“.

Тоа е строго забрането со правилата на италијанската федерација и на италијанското законодавство, и со тоа играчот од средниот ред ризикува да добие висока казна. Кај него ситуацијата е специфична затоа што се обложувал на натпревари за Милан и тоа додека играл за нив.

Фудбалерот бил на распит вчера цели три часа. Тонали сега ја применува стратегијата на Николо Фаџоли од Јувентус, кој веќе се спогоди со обвинителите, и доби казна од седум емсеци. Меѓутоа ситуацијата со Тонали е сосема различна, и го чека казна до 18 месеци.

Тој ова лето од Милан се пресели во Њукасл за 65 милиони евра. Евентуално негово отсуство би било тежок удар за англискиот тим.

Се вчитува...