Фаџоли се „отвори“: Бев должен 250.000, потоа 2,7 милиони евра, ми се закануваа…

Му предвидуваа во следните неколку години да стане лидер на еден од најголемите светски клубови, но наместо тоа Николо Фаџоли, 22-фудбалер на Јувентус доби забрана за настапи во траење од 7 месеци поради обложувања.

Талентираниот играч од средниот ред призна дека се занимавал со обложување, па така во договор со обвинителството после признавање на вина доби седуммесечна суспензија.

„Најлош период беше меѓу март и април 2023 година. Во натпреварот со Сасусоло направив кардинална грешка и бев заменет. Кога излегов не плачев поради измената, туку поради долговите“ – кажа Фаџоли на сослушувањето.

„Во септември 2022 година бев должен 250.000, а потоа долгот порасна на 2,7 милиони. Почнав со тенис, па со онлајн казино, со фудбал, но никогаш на натпревари на Кремонезе и Јувентус, никогаш не на прекршоци, картони, точни резултати, стрелци. Но, во еден момент не можев да подигнам пари од сметката кои ги контролираше мојата мајка, и почнав да барам пари од моите пријатели. Должен сум 40.000 евра на Гати и на Драгушин. Им реков дека треба да купам часовник Ролекс во една златара во Милано, а на нив делумно им ги вратив парите“, призна Фаџоли и додаде:

„Прекинав да спијам. Како одминуваше времето, долгот повеќе ме опседнуваше. Парите кои ги должев се зголемуваа, и размислував само за коцкање за да се обидам да се опоравам“, изјави Фаџоли.

Играчот призна дека добивал и закани од оние кои им должел пари.

„Ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете. Но, долгот беше толку голем што дури и кога добивав, не добивав ништо, туку само се намалуваше мојот долг кој и натаму го имам“, рече Италијанецот.

Освен Фаџоли во скандалот се вклучени и Сандро Тонали и Николо Заниоло. И тие се признаа, па ги чекаат своите казни.

Се вчитува...