Хрватскиот тренер Ненад Бјелица доби отказ во Трабзонспор после шест месеци на кормилото на турскиот тим. Енис Барди ќе има нов тренер, и покрај тоа што почна да игра во голема форма во турскиот прволигаш, кој има четири победи и четири порази во првите осум меча од турската Суперлига.
Бјелица добил слобода да го креира играчкиот кадар, па во преодниот рок доведе 16 нови играчи. Се шпекулираше дека ќе замине и Барди, но тој со добрите игри се наметна да биде и стартер кај Хрватот.
Сепак, не се сите несреќни поради отказот на хрватскиот тренер. Фудбалерот Дорукан Токез, соиграч на Барди, имаше коментар поради отказот на Бјелица.
„Има Бога“, напиша играчот на социјалните мрежи само неколку минути откако стигна веста за отказот на Бјелица.
Со отказот на Бјелица се сложуваат и турските медиуми, кои кажуваат дека Хрватот не сакал ниту да се поздрави со играчите при неговото заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

