Англискиот репрезентативец Џуд Белингем имаше одличен старт на ерата во Реал Мадрид. Играчот на „кралевите“ од Борусија Дортмунд летово замина во Мадрид, и го покажа сиот свој потенцијал во натпреварите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Во изјава за шпанските медиуми, Белингем кажа дека трансферот во Реал Мадрид е остварување на неговиот сон, и дека сака да остане во овој клуб во следните 15 години, практично до крајот на кариерата.
„Сакам да останам во Реал Мадрид во следните 10, 15 години во мојот живот. Јас сум тука каде што целиот живот сакав да бидам. Го сакам Реал“, изјави Белингем.
Договорот на Белингем со „кралевите“ е до 2029 година. Целиот трансфер чинеше 103 милиони евра, а може да достигне сума од 133 милиони, ако се остварат бонусите кои ги има во договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА