Француски министер го обвини Бензема: Тој соработува со терористи (ВИДЕО)

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дерманан, изнеси тешки обвинувања за еден од најдобрите француски фудбалери Карим Бензема.

Дерманан во телевизиско интервју истакна дека имаат информација дека соработува со терористи, па поради тоа против него наскоро би можело да се покрене и официјална истрага.

„Затворивме повеќе од илјадиисто муслимански центри во земјата, но сега јавно го прозивам и господинот Карим Бензема. Тој одржува контакти со злогласни лица, и како, што сите знаеме, со организацијата ‘Муслиманско братство’“ – изјави Дерманан.

Како што е познато, претходно Бензема јавно застана на страната на Палестинците напаѓајќи ја одлуката на Израел за жестоки напади на појасот Газа.

Се вчитува...