Анри по победата на неговиот тим од 9-0: Не сум задоволен од играта

Француската фудбалска репрезентација до 21 година која ја предводи легендарниот Тијери Анри во квалификациите за Европското првенство славеше со 9-0 против Кипар задржувајќи го сто отстотниот учинок по три одиграни кола.

А, селекторот Анри по натпревари ги критикуваше своите фудбалери изјавувајќи дека не е задоволен од начинот на игра кога топката не е во посед на тимот.

„Морам многу јасно да кажам дека не ми се допаднаа првите 25. минути. Го почитувавме договореното кога топката беше во наш посед, но надвор од тоа не беше така. Во одреден момент кога напаѓате сте отворени во одбрната и им давате многу можности на противниците. Ми се допадна резултатот на полувремето, но не и начинот на кој игравме. На полувреме им кажав дека не сакам да ги видам Кипарците да ја поминат нашата половина од теренот. Постојат работи кои треба да се почитуваат на теренот и мора да биде така. Во спротивно ќе има проблеми, а ние ги имавме“, изјави Анри.

Се вчитува...