Данска очекувано славеше на гостувањето против Сан Марино, но по мечот неочекувано се крена голема прашина откако најдобриот дански напаѓач, Расмус Хојлунд се пожали на груба игра од противниците.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед ги обвини репрезентативците на Сан Марино дека сакале намерно да го повредат, а неколку часа подоцна стигна и одговор од најискусниот во таборот на Сан Марино, 41-годишниот дефанзивец Роберто ди Мајо.
„Читам дека Господинот 80 милиони се жали бидејќи немал добар третман кај дефанзивците на Сан Марино. Па драги, треба да знаеш дека во модерниот фудбал исчезна вистинскиот физички контакт, што овозможува на таквите како тебе да се исмејуваат со нас малите противници, од грди гестикулации што ги повторуваше и лоша глума за да добиеш пенал со ВАР. Баш ќе сакав да те видам пред 15 години, кога само вистински мажи играа фудбал. Ти беше големо разочарување, Хојлунд“, напиша Ди Мајо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

