Кристијано Роналдо имаше свое шоу на теренот во Зеница на гостувањето во БиХ, но португалската суперѕвезда уште еднаш ја покажа и својата неверојатна човечка големина.
16-Годишниот Фарис Ножиќ од Мостар е момче кое со години се бори со тешка болест, а животен сон му беше да го запознае Кристијано Роналдо. Медиумите во БиХ покренаа кампања за Фарис да се сретне со Кристијано, тој беше на трибините на стадионот во Зеница, а по мечот имаше можност дури и да поразговара со фудбалската суперѕвезда.
„Чувството беше прекрасно. Се случи после мечот, кога успеав и да се фотографирам со Роналдо. Тој ме праша како се чувствувам, ми порача да останам силен… Јас му реков дека е најдобриот фудбалер во светот. Благодарен сум на сите добри луѓе кои ми помогнаа да го остварам својот сон“, изјави Ножиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

