Барса остана без уште еден фудбалер за „Ел Класико“

Главоболките на Чави пред продолжението на сезоната дополнително се зголемија по уште една повреда во таборот на Барселона. Серџи Роберто е најновиот „пациент“ во „болницата“ на каталонскиот гигант, откако искусниот играч за врска се пожалил на болка во мускулот, а лекарите веднаш препорачале целосно мирување во наредните три седмици.

Ова значи дека Роберто дефинитивно ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ со Реал Мадрид закажано за 28 октомври, како и натпреварите со Атлетик Билбао во Примера и со Шахтјор во Лигата на Шампионите. Тој би можел да се врати најрано за дуелот со Реал Сосиедад на 4 ноември, но каталонските медиуми потсетуваат дека при последната слична повреда Роберто отсуствувал дури шест седмици од терените.

Шпанскиот фудбалер не беше стандарден кај Чави сезонава, но почна да добива минутажа по повредите на неколку првотимци во изминатиот месец.

За потсетување, Чави за дуелот со Атлетик Билбап викендов нема да може да смета ниту на Педри, Де Јонг, Левандовски, Кунде, Рафиња, Балде и Јамал, а мали се шансите некој од овие фудбалери да се рехабилитира навреме за настап на „Ел Класико“.

Се вчитува...