Радески и Радиќ потпишаа нови договори со Струга ТЛ

Македонскиот првак Струга ТЛ е решен да ги сочува најдобрите фудбалери во своите редови. Доказ за тоа е денешниот потпис на новите договори со Марјан Радески и со Сава Радиќ, кои сезонава важат за едни од лидерите на стружани.

Радески е повремен македонски репрезентативец, тој постигна неколку важни погодоци во европските купови летово, а продолжи ефикасно и во Првата лига, каде веќе постигна пет погодоци за Струга ТЛ.

Радиќ дојде во Струга ТЛ од редовите на Академија Пандев во јануари 2022 година, експресно се наметна како командант на одбраната, па јасно е зошто останувањето на српскиот централен дефанзивец беше еден од приоритетите за управата на стружани, желба што се оствари на обострано задоволство.

Се вчитува...