Меси ја затвори вратата за Барса: Не се враќам, ќе одам во Аргентина за да се одморам…

Лео Меси се врати по повредата со два гола на дуелот со Перу, по што аргентинскиот генијалец со изјава веднаш по натпреварот јасно стави до знаење какви се неговите планови за иднината.

Елиминацијата на Интер Мајами од трката за плејофот ќе значи и продолжен одмор за најдобриот фудбалер на денешницата, постоеше опција тој да се пресели на позајмица во Барселона до крајот на сезонава, но Меси децидно ги отфрли шпекулациите на оваа тема.

„Враќање во Европа? Не, тоа не е мојот план. Ќе продолжам да тренирам за да бидам во топ-форма за наредните средби на репрезентацијата. Потоа ќе заминам за Аргентина за празниците, да се одморам и да бидам крај мои драги луѓе. Потоа ќе почнам со подготовки за наредната сезона, како и секогаш, ќе гледам да се подготвам на најдобар можен начин за предизвиците со мојот тим, со Интер Мајами“, изјави Меси.

Се вчитува...