Зорија одбива да го одложи мечот со Макаби: Па и ние сме во војна, а играме фудбал…

Војната што неодамна почна на територијата на Израел е причина за одложување на сите спортски натпревари на клубовите од оваа држава, но кога станува збор за Конференциската лига на УЕФА, тука доаѓа до првите компликации.

Имено, Макаби Тел Авив треба следната седмица да ја пречека украинска Зорија во рамките од Конференциската Лига, израелскиот тим веќе поднел барање за одлагање, но Украинците јасно ставија до знаење дека не се согласуваат со таква разврска, инсистирајќи мечот да биде одигран во претходно утврдениот термин, со размена на домаќинствата меѓу двата клуба.

„Ние како клуб ја разбираме ситуацијата во Израел, ги осудуваме терористичките случувања што се случија на територијата на оваа држава кои доведоа до страдања на невини жртви. Сепак, сакаме да потсетиме дека и нашата држава е во војна повеќе од десет месеци. Во сето тоа време, нашиот народ, нашите навивачи преживеаја тешки моменти, моравме да ги напуштиме нашите домови и да почнеме живот на друго место. Се уште се бориме, и во ниту една ситуација не побаравме нашите натпревари да бидат одложени. Затоа, изненадени сме што сега некој друг го бара истото од нас“, порачаа од Зорија.

Конечниот збор ќе го има УЕФА, чии челници ќе треба да донесат одлука за овој натпревар, но и за наредните средби на израелските клубови и репрезентации под капата на европската куќа на фудбалот.

Се вчитува...