МЗТ Скопје се соочува со нов сериозен проблем по повредата што ја заработи македонскиот репрезентативец Бојан Крстевски во првата четвртина од дербито со Пелистер што се игра во Битола.
Одличниот центар се обиде да интервенира во одбрана по еден влез на Магдевски, но настрада при доскокот и веднаш беше очигледно дека проблемот не е нималку наивен. Крстевски продолжи да лежи, а по укажаната прва медицинска помош тој со помош на еден од соиграчите го напушти теренот и не се враќаше повеќе до крајот на полувремето.
Главоболките за тренерот Атанасов се уште поголеми ако се знае дека на АБА2-турнирот се повреди и Баковиќ, а МЗТ Скопје викендов го очекува вечното дерби со Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА