Лекарот на бразилската фудбалска репрезентација Родриго Ласмар вели дека е рано да се каже колку време ќе отсуствува Нејмар по повредата на коленото на натпреварот против Уругвај.
Нејмар се повреди во финишот на полувремето во Монтевидео. Се фати за коленото по што на носилки беше изнесен надвор од теренот.
Бразилскиот фудбалер плачеше по излегувањето од теренот, а стадионот го напушти со штаки.
„Ги направивме прегледите и утре ќе ги повториме. Овие 24 часа се клучни за да видиме како ќе му реагира коленото, колку ќе биде отечено и што ќе покажат снимките. Да ги почекаме прегледите па ќе ги информираме медиумите кога ќе ја добиеме дијагнозата“, изјави Ласмар за медиумите во Монтевидео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

