Светот е во шок по страшната трагедија кога беше гранатирана болница во Газа, масакр во кој животот го загубија над 500 лица, за која вината си ја префрлаат двете страни од конфликтот.
Суперѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, преку видео порака гласно повика на мир, но и на што побрзо испраќање на хуманитарна помош за жителите на Газа.
„Не е лесно да се зборува во вакви времиња. Имаше толку многу насилство и бруталност, но ескалацијата во последните месеци е неподнослива. Сите животи се свети и мора да бидат заштитени. Масакрите мора да завршат, семејства се распаѓат… Она што е јасно дека мора да биде дозволена хуманитарна помош за Газа и тоа веднаш. Луѓето таму се во неверојатни услови. Сликите и видеата од болницата беа застрашувачки. На луѓето од Газа им е неопходна храна, вода, како и медицински залихи, и тоа веднаш. Ги повикувам светските лидери да се обединат и да го спречат масакрот на невини души. Хуманоста мора да биде над се“, порача Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

