Повредата што Енди Робертсон ја заработи на квалификацискиот меч меѓу Шпанија и Шкотска е сериозна и левиот бек го очекува долга пауза од терените, информираат медиумите на „островот“.
Робертсон веќе се врати назад во Ливерпул каде му беа извршени детални лекарски прегледи, клубот засега ги крие резултатите, но медиумите обелоденуваат дека проблемот е сериозен и шкотскиот репрезентативец ќе мора да биде опериран во најскоро време. „Црвените“ најверојатно ќе се јават со клупско соопштение по хируршкиот зафат, но најавите велат дека Робертсон сигурно ќе биде „во аут“ најмалку до крајот на оваа календарска година.
Во зависност од текот на рехабилитацијата, паузата би можела да изнесува и огромни четири месеци, што би бил огромен проблем за Јирген Клоп.
Ливерпул в сабота го очекува градско дерби против Евертон, меч за кој Клоп нема да може да смета ниту на Гакпо, Џонс, Тијаго и на Бајчетиќ, а неизвесен е и настапот на Дарвин Нуњез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

