Шкупи викендов ќе ја пречека екипата на Брегалница, но натпреварот нема да биде одигран во Чаир, туку во Куманово, информираат од таборот на поранешниот првак на Македонија.
Причина за ваквата одлука е работата на тревникот на стадионот во Чаир, која се одвива веќе извесно време и не беше финиширана за време на оваа репрезентативна пауза.
„Бидејќи теренот се подготвува неколку седмици наназад и се уште не е подготвен за игра, следниот меч со Брегалница закажан за недела ќе го играме како домаќини на стадионот на ФК Башкими во Куманово. Исто така, натпреварот од осминафиналето од Купот на Македонија нема да се игра во Чаир, а дополнително ќе донесеме одлука каде ќе го играме овој меч како домаќини“, информираат од Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

