Атина, Никозија и Белград се сметаат како опции за домаќини на натпреварите на израелските тимови. Поради воената ситуација во Израел, учеството на кошаркарските тимови во европските натпреварувања е тешко, а Кошаркарската федерација на Израел презема дополнителни чекори за воспоставување соодветни услови за сите свои екипи.
Според локалните медиуми, Макаби Тел Авив, Хапоел Тел Авив, Хапоел Холон и Хапоел Ерусалим би можеле да бидат домаќини надвор од Израел. Меѓу градовите кои би можеле да бидат домаќини на израелски клубови е главниот град на Србија, заедно со Никозија и Атина, но конечната одлука се уште не е донесена.
Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив веќе одиграа по еден натпревар од почетокот на војната. Во меѓувреме, Хапоел Холон и Хапоел Ерусалим ќе излезат на меѓународна сцена во Лигата на шампионите на ФИБА од 1. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

