Тренерот на Филаделфија 76, Ник Нрс нема објаснување зошто Џејмс Харден го пропушти тренингот на тимот во средата.
Харден допрва треба да игра за Сиксерс во претсезоната, иако беше во тренинг кампот на тимот. Искусниот бек минатата недела изјави дека неговата „скршена врска“ со претседателот на тимот Дерил Мори не може да се поправи и го спореди со пропаднат брак, додека зборуваше дека не сака да игра за Сиксерс ова лето.
Харден, кој го избегна разговорот за неговото барање за трејд минатата недела, рече дека можеби ќе се обиде да игра на последниот претсезонски натпревар во петок против Атланта. Нрс, во својата прва сезона како тренер на Филаделфија, рече дека очекува Харден да тренира со тимот следните денови и да игра во петок против Атланта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

