Тонали нека заборави на фудбал до 2025 година

Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот од средниот ред Сандро Тонали ќе добие минимална казна од 16 месеци поради аферата „обложување“ во Италија. Се очекува конечната одлука да биде донесена до крајот на ноември, а покрај оваа казна, Тонали се соочува и со условна казна.

Максималната казна за овој случај може да биде три години, па затоа Тонали може да биде задоволен. Ако овие наоди се покажат како точни, тогаш играчот може да заборави на фудбал до 2025 година.

Тоанли призна дека се обложувал на фудбалски мечеви, и тоа на мечеви на Милан, за кои играше пред да замине во Њукасл. Неговата одбрана беше во тоа што се обложувал на дуелите на Милан во кои тој не учествувал.

Покрај него ќе биде казнет и Никола Заниоло, додека седумесечна забрана доби играчот на Јувентус, Никола Фаџоли.

Се вчитува...