Синот на Роналдо потпиша за Ал-Наср: Тато, издржи уште некоја година, сакам да играме заедно!

Кристијано Роналдо би можел наскоро да реализира една од своите соништа – да заигра заедно со својот син. Синот на Португалецот потпиша за екипата на У-13 екипата на Ал-Наср, клуб во кој игра и неговиот татко.

Ќе го носи дресот со број 7 како и неговиот татко. Познатиот новинар Фабрицио Романо се потсети на изјавата на Роналдо пред неколку месеци.

„Мојот син ми кажа: Тато, издржи уште неколку години, сакам да играм со тебе“.

Се вчитува...