Јувентус со поддршка за Фаџоли, но ќе мора да оди на одвикнување од коцкање

Италијанскиот клуб Јувентус изрази целосна поддршка за својот фудбалер Николо Фаџоли, два ддена откако фудбалерот е суспендиран на седум месеци поради обложување.

Фаџоли се согласи да се нагоди со италијанската федерација која предлага да оди на терапија за зависност од коцкање.

„Цврсто сме уверени дека Николо, со поддршка од клубот, неговите соиграчи и семејство и професионалци кои ќе му помогнат, ќе се соочи со тераписки процес со големо чувство на одговорност и кога ќе ја отслужи казната, ќе може мирно да се врати во натпреварувачки ритам“, се наведува во соопштението.

Фаџоли призна дека има долгови од 2,7 милиони евра поради коцкање.

Се вчитува...