Јовиќ: Немавме решение ниту за нападот ниту за одбраната во последните 15 минути

Пелистер го запиша и петтиот пораз во исто толку натпревар во Лигата на шампионите. Нов тежок залак за битолчани беше ППД Загреб кој триумфираше убедливо со 28-17 по големиот пад во играта на македонскиот шампион  во последните 15 минути од средбата.

Тренерот Александар Јовиќ на официјалната прес-конференција по натпреварот во Загреб призна дека комплетно потфрлиле и во нападот и во одбраната во второто полувреме.

„Пресуди тоа што во последните 15 минути немавме решение ниту во нападот ниту во одбраната. Истото ни се случуваше и на претходните натпревари и факт е дека мора да работиме повеќе на тоа, за да не ни се повторува и во иднина и за да можеме да победиме екипи во Лигата на шампионите“ – рече Јовиќ по мечот со ППД Загреб.

Се вчитува...