Неверојатна драма во Атина: Партизан од +13 до пред пораз, па Нанали со звукот на сирената донесе продолжение (ВИДЕО)

Партизан имаше огромна предност во третата четвртина на гостувањето против Олимпијакос во Атина во четвртиот натпревар од Евролигата, но дозволи очаен последен период и пресврт на Грците до 85-82, за да на крај спасува во последната секунда од регуларниот дел преку Нанали со тројка за 85-85 и продолжение.

По главно израмнетото прво полувреме, со неверојатна серија од 5-26 Партизан во финишот на третиот период од играта дојде до 54-67, сето тоа за убава предност на влезот од последната четвртина.

Но, во последната четвртина неразбирливо огромен пад во играта на црно-белите, па Олимпијакос со серија од 23-10 на две минути до крајот дојде до 79-79. Следеше тројка на Ален Смаилагиќ на 100 секунди до крајот за предност на Партизан од 79-82. Но, домашните потоа со четири слободни фрлања на Папаниколау и Ларенцакис дојде до 83-82. Во следниот напад Кевин Пантер на смешен начин ја „продаде“ топката на домашните кои дојдоа на шест секунди пред крајот и до 85-82. За да во последниот напад Нанали постигне тројка со звукот на сирената и израмни на 85-85 и продолжение во Атина…

Се вчитува...