Карло Анчелоти, и покрај тоа што постојано негира, се појасно е дека од јуни 2024 година ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Во исто време познато е дека челниците на Рома не сакаат да го продолжат договорот на Жозе Мурињо кој му истекува во јуни 2024, па шпанските медиуми пишуват дека Португалецот на крајот од сезоната ќе се врати во Реал Мадрид.
Мурињо беше тренер на Реал меѓу 2010 и 2013 година. Португалецот и тогаш го замени токму Анчелоти, па по шест години сега историјата може да се повтори.
Од Реал разговараат и со Зинедин Зидан, но Французинот ја одби понудата на „кралевите“ пред неколку месеци, а еден од кандидатите е и Чаби Алонсо. Единствено засега е јасно дека од Реал не планираат продолжување на соработката со Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

